Трагедија ја потресе Битола - млад битолчанец се самоуби скокајќи од зграда
Ново самоубиство ја потресе македонската јавност. Млад битолчанец си го одзема животот скокајќи од зградата која ја нарекуваат докторска во Битола.
Се работи за младиот 23-годишен битолчанец Љ.Ј. кој вчера заедно со другарите си го прославувал роденденот.
Тој не живеел во „докторската зграда”, туку во соседството, на улица „Бонде Скерлевски“.
Брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот, но за жал не можела ништо да направи освен да ја констатира смртта.
Обдукцијата сеуште е во тек, а засега не се познати причините поради кои младото момче си го одзело животот.
11:04