Битолчанецот Киро доби 18 години затвор: "Ја убив зошто сакаше да ме остави"

Битолчанецот Киро Тошевски, кој живее во Шведска, во вторник е осуден на 18 години затвор за убиство на својата сопруга Весна, која ја избодел до смрт во гаража во шведскиот град Лунд, пренесува „Макфакс“. Како што пренесуваат шведските медиуми, Тошевски на 19-ти април годинава ја следел својата 40-годишна сопруга до паркинг-гаража во Лунд, на јужниот дел од Шведска, каде ја нападнал со нож. Случаен минувач се обидел да ја спаси жената, но тогаш Тошевски го нападнал и него, по што тој избегал. Ја избодел сопругата, побегнал со автомобил, а во бегството удрил во автобус, во кој во моментот немало патници.

Тошевски, на 10-ти април, пред убиството, бил пријавен во полиција за физичко насилство над повеќе членови од семејството, меѓу кои и сопругата. Имено, тој во семејна расправија му удрил неколку шлаканици и на синот во нивниот дом во шведскиот град Малме, оддалечен 40-ина километри од Лунд.

Тој бил приведен, но на 13-ти април бил пуштен од притвор, а обвиненијата кон него биле отфрлени. Само неколку дена подоцна тој ја убил сопругата. 

Освен казната затвор, тој треба да плати и 315.000 шведски круни на жрвтите на насилството.

 
 
01.12.2016 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега