Се запали Основно Училиште во Скопје

Во Основното Училиште  „Ј.Х.Песталоци“ во Скопје, вчера попладне избувнал пожар на покривната конструкција. Повредени нема, а причинета е само материјална, соопшти денеска МВР.

По интервенција на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил локализиран. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што е пронајден дел од изгорена метла поради што постои сомнение дека пожарот е подметнат и дека е сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

 
 
01.12.2016 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега