Битолчанец преживеал хорор за 500 денари

Му приредиле хорор на улица за 500 денари. Старец од Битола преживеа вистинска драма синоќа неколку минути по полноќ, кога во комплексот „Пелагонка 2“ бил нападнат од засега непознат сторител.

Како што јавува македонското МВР, 69-годишниот Д.П. бил пресретнат од насилник кој го удирал по главата и телото, му земал 500 денари и му се заканил дека ако пријави во полиција ќе го убие.

Полицијата во Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

 
 
01.12.2016 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега