Пешевски и Мизо во посета на фабриката во изградба на ОДВ електрик

 

Новата фабрика на ОДВ Електрик во Охрид се очекува да почне со производство во првиот квартал од наредната година. Денеска  овој капацитет во Охридско-струшката зона ќе го посетат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, директорот на ОДВ Електрик Лудвиг Батон и извршниот директор на ОДВ Електрик за Македонија Огнен Цубалевски.

Целта на посетата е увид во градежните активности на новиот објект, кој почна да се гради во септември 2015 година.

ОДВ електрик во моментов работи во постоечката хала како браунфилд инвестиција во Охрид.

 
 
02.12.2016 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега