Груевски: Невработеноста во Штип е намалена за 52%, тие резултати не паднаа од небо

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата„ За подобра Македонија“ во Штип истакна дека откако ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт невработеноста во Штип е намалена за 52%.

-Во Штип отворивме технолошко индустриска зона , донесовме многу инвестиции, почнаа да се вработуваат многу луѓе и Штип денеска има намалена невработеност .Пред нашето доаѓање Штип имаше 16.104 вработени , денеска работат 20.551 граѓанин на општина Штип. Невработени имаше 8.021, денес има 3781. Тоа е огромна разлика, невработеноста е намалена за 52%. Тие резултати не паднеле од небо, некој многу работел за да се постигне тоа и ќе продолжи да работи и повеќе од досега, рече Груевски.

 

 
 
02.12.2016 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега