Милошоски: Ќе се градат три нови студентски домови

 

Носителот на листата во Петтата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Антонио Милошоски денеска изјави дека во програмата „Реално“ се предвидува изградба на три нови студентски домови во Скопје и Тетово. - Едниот ќе биде во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а другиот на местото на поранешниот студентски дом Медицинар. Истовремено, веќе во тек е процедура за набавка на инвентар и сите постоечки студентски домови да бидат обновени за да се зголеми и подобри квалитетот за престој и учење, истакна Милошоски.

Тој најави и зголемување на фондот за стипендии за студентите и оние кои се талентирани ќе може да сметаат на фонд од 11 милиони евра.

- Продолжуваме со една сериозна и реална поддршка за секој македонски студент, потенцираше Милошоски.

 
 
03.12.2016 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега