Попоски: Изградба на Национална галерија и спомен куќа на Лазар Личеноски
Носителот на кандидатската листа за пратеници во Првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Никола Попоски денеска најави изградба на Национална галерија и спомен куќа на Лазар Личеноски.
Тој рече дека во програмата во делот на културата и уметностите се предвидува реализација на капитален проект, односно изградба на Национална галерија која би била дом на сите дела од најпознатите македонски автори.
- Предвидена е и реконструкција на објектот „Мала станица“. Би го издвоиле и проектот за изградба на спомен куќа на Лазар Личеноски каде би биле групирани сите дела на овој познат македонски автор, рече Попоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа