Димитриев во Пробиштип најави нови 400 вработувања

 

Во јуни започнува со работа новата фабрика во индустриската зона Неокази Кранфилд Фаундри. Тие веќе започнаа со првите вработувања, се планира да вработат 280 луѓе, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев на вечерашниот митинг во Пробиштип.

-Досега на објавените огласи има над 400 апликации што покажува кој е интересот на нашите граѓаните. Пред две недели имавме состанок со сопственикот на фабриката и имаме уште една убава вест. Ќе купат уште една парцела и за една година од почнувањето со првата линија ќе отворат и втора линија, нови 250 вработувања за општина Пробиштип, посочи Димитриев.

Вкупната инвестиција ќе достигне околу 30 милиони евра.

 
 
03.12.2016 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега