Тодоров најави најголем инвестициски зафат во здравствената инфраструктура во историјата на Македонија
Со новата програма на ВМРО ДПМНЕ се предвидува да се спроведе најголемиот инвестициски зафат или циклус во здравствената инфраструктура во историјата на Република Македонија. Станува збор за инвестициски циклус со над 143 милиони евра, предвиден во програмата Реално од кој најголем проект е проектот за изградба на новиот клинички центар во Скопје, но има и повеќе други проекти како што се комплетна реконструкција на Клиниката за кардиологија, на Герантолошкиот завод, на Градската општа болница 8 ми Септември, надоградба на Клиниката за онкологија со што ќе се овозможат дополнителни околу стотина легла, истакна носителот на листа во ИЕ 2, Никола Тодоров.
Тој нагласи дека станува збор за најголемиот инвестициски циклус во здравствената инфраструктура во историјата на Република Македонија и потенцираше уште еден проект за комплетна реконструкција на сите амбуланти.
-Исто така сакам да одвојам и да го потенцирам проектот за комплетна реконструкција на сите амбуланти во рамките на Здравствениот дом Скопје односно во градот Скопје и околината на Скопје, проект вреден околу 200 милиони денари од кој што би сакал да одвојам изградба на комплетно нова Поликлиника во Бутел и реконструкција на амбулантата во Љубанци и давање на лиценца за матичен лекар во населеното место Љубанци, заклучи Никола Тодоров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа