Каква ќе биде цената на горивата за Нова Година?

 

Регулаторната комисија за енергетика минатата недела ја донесе одлуката за новите цени на нафтените деривати.

Според одлуката, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит.

Наредната корекција е закажана за 12 декември. Останува да видиме дали ќе возиме поевтин или поскап бензин.

 
 
06.12.2016 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега