Прелиминарната распределба на ЕКТМ дозволи за превоз на стоки на 12 декември

 

Поради изборниот процес што во моментов се одвива во Република Македонија, а согласно сите законски прописи што се применуваат и заради транспарентност на постапката, прелиминарната распределба на годишни ЕКТМ дозволи за меѓународен превоз на стоки ќе се одржи на 12 декември годинава, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

– Сакаме да ги увериме сите транспортни компании во Република Македонија дека Министерството за транспорт и врски, согласно своите надлежности, во соработка со Комисијата за распределба на ЕКТМ дозволите, ќе изврши распределба и дистрибуција на транспортните дозволи до крај на оваа година, се вели во соопштението.

Во периодот од 13 до 20 декември 2016 година, информираат од Министерството, предвиден е период за приговори преку електронскиот систем.

– На 22 декември 2016 година ќе биде објавена конечна листа на распределени ЕКМТ и резервирани поединечни транспортни дозволи и до крај на годината ќе бидат дистрибуирани дозволите на превозниците. Со тоа ќе го заокружиме процесот на распределба на транспортните дозволи за 2017 година, се вели во денешното соопштение од Министерството за транспорт и врски.

Исто така Министертвото за транспорт и врски ги поддржува сите транспортни компании кои вршат меѓународен превоз на стока и ги уверува дека не постои никаква пречка навремено да ги планираат и извршуваат своите деловни активности за тековната 2017 година.

 
 
06.12.2016 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега