До 10 часот во Вевчани излезност над 6 проценти
Во општина Вевчани излезноста до 10 часот е над 6 отсто, информира претседателката на Општинската изборна комисија Параскева Гогоска – Кукоска.
Гласањето, според неа, се одвива непречено, без никакви проблеми, а не очекува пречки до крајот на изборниот процес.
- Од 2.044 вевчанци со право на глас до 10 часот своето граѓанско право го остварија 134 лица или над 6 проценти, изјави Гогоска – Кукоска.
Во избирачкото место 1921 од региситрирани 660 гласачи до 10 часот гласале 40 лица или 6,06 отсто, во 1922 од 916 гласачи, излезени се 67 или 7,31 процент и во 1923 од 468 гласачи до 10 часот излезени се 27 или 5,77 отсто.
Во сите три избирачки места во Општина Вевчани гласањето почна навреме во 7 часот утрово, а граѓаните гласаат за една од листите за избор на пратеници на предвремените Парламентарни избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа