Подгответе се: Утре ќе нема вода во делови од Скопје

 


Без вода за пиење утре ќе останат неколку делови од општините Бутел и Центар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, поради дефект на улична цевка на улицата „Рајко Жинзифов“ без број - раскрсница со „Киро Крстевски Платник“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од осум часот за дел корисници. Без вода ќе бидат делови од улиците „Киро Крстевски Платник“ и „Шумадиска“ во општина Центар.

Поради дефект во општина Бутел, корисниците од комплексот „Вива фреш“, касарната „Илинден“ и улицата „Македонско - косовска бригада“ крак 11, ќе останат без вода од девет часот.

Корисниците ќе бидат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности.

07.10.2024 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега