Излезноста во Кавадарци до 10 часот е 11 %

 

Околу 11 проценти од лицата со право на глас излегле на гласање во Кавадарци и Росоман до десет часот.

Во двете општини утринава навреме беа отворени избирачките места.

Шеесет во Кавадарци и десет во Росоман.

Претседателот на општинската изборна комисија во Кавадарци Зоран Костов информираше дека во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во Кавадарци се запишани 32.431 граѓани.

Претседателот на изборна комисија во Росоман, Лазо Симоновиќ, пак соопшти дека 3.393 росоманчани имаат право на глас.

На деветтите парламентарни избори учествуваат 11 политички субјекти од кои шест политички партии и пет коалиции, со 58 листи и со 1.092 кандидати

 
 
11.12.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега