Во Куманово излезноста до 10 часот е 9,28 проценти

 

Гласањето во кумановскиот регион се одвива непречено. Според податоците на ДИК во Куманово излезноста до 10 часот, е 9,28, во Липково 4.02, а во Старо Нагоричане 10,11 проценти.

Во Куманово се гласа на 167 избирачки места, а евидентирани се вкупно 90.848 гласачи, од кои 89.427 гласаат во изборна единица два, додека 1.421 лице гласаат во третата изборна единица.

Во Липково право на глас имаат вкупно 24.348 лица кои гласаат на 36 избирачки места. И во општина Старо Нагоричане гласањето се одвива непречено на 37 избирачки места, а право на глас имаат 3.462 гласачи. 

 
 
11.12.2016 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега