Во Прилеп до 10 часот гласале 15 проценти од запишаните граѓани

 

Непречено и без проблеми досега  се одвива гласањето во Прилеп, Кривогаштани, Долнени и во Крушево, соопштуваат од општинските изборни комисии.

Според комисијата до 10 часот во Прилеп од вкупно запишаните 64.472 граѓани, своето право на глас го оствариле 15 насто.

Во Кривогаштани до 10 часот своето право на глас го оствариле 8,2 насто од запишаните 4.846 избирачи.

Непречено се одвива и гласањето во Долнени и Крушево, информираат општинските изборни комисии  Во Долнени до 10 часот на гласање излегле 5,4, а во Крушево одзивот е 12,34 проценти од запишаните избирачи. 

 
 
11.12.2016 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега