Над 42 отсто излезност во Вевчани до 13 часот

 

Во општина Вевчани излезноста до 13 часот е 42,17 проценти, информира претседателката на Општинската изборна комисија Параскева Гогоска Кукоска.

Од регистрираните 2.044 гласачи, своето граѓанско право го оствариле 864 лица.  
Гласањето, како што посочи Гогоска – Кукоска, се одвива нормално, а така се очекува да продолжи до крај.

Во општина Вевчани се гласа на три избирачки места, а вевчанци гласаат за една од листите за избор на пратеници на предвремените парламентарни избори.

 
 
11.12.2016 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега