Регистрирани осум нарушувања на изборниот молк

За време на молкот регистрирани се осум нарушувања и тоа на подрачјата на СВР Струмица-четири, СВР Куманово-две и по еден на подрачјата на СВР Битола и СВР Велес. Инаку, молкот е нарушен со агитирање и поткуп на гласачи, пронајдени избирачки списоци и броеви на избирачки места, испишани графити и одземена лична карта. По преземени мерки едно од нарушувањата на молкот е расветлено и од страна на СВР Струмица доставено е известување до ОЈО против четири лица поради основано сомнение дека се сторители кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „поткуп при избори и гласање“

 
 
11.12.2016 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега