Гласањето во Делчево се одвива без проблеми - ова е излезноста до 17 часот

Излезноста на гласачите во Делчево до 17 часот е 62 отсто. Според информацијата на Владимир Петрески, претседател на ОИК Делчево, гласањето се одвива без проблеми.

Во Берово до 17 часот гласале 69,3 отсто или 7708 од запишаните изборачи.

Во Македонска Каменица до 17 часот гласале 64,6 отсто или 4329 од запишаните избирачи.

Најголема излезност на гласачи од општините во источна Македонија има во Пехчево, каде до 17 часот гласале 70,01 отсто или 3.003 гласачи.

 
 
11.12.2016 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега