Гласањето во Врапчиште се одвива непречено- до 17 часот одѕивот 49,1 отсто

 

- Гласањето во општина Врапчиште се одвива непречено и нема нарушувања на избирониот процес на 39-те избирачки места. До 17 часот на гласање излегле 10.242 гласачи или 49,1 процент, изјави претседателот на Оопштинската изборна комисија Имер Ќазими.

Во оваа горнополошка општина, право на глас имаат 24.439 лица кои избираат пратеници на предвремените парламентарни избори во 6ИЕ, од девет листи кои ги понудија три политички партии и шест коалиции. Вчера ОИК Врапшиште ововозможи гласање на 28 лица кои беа пријавени како болни и изнемоштени

 
 
11.12.2016 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега