Одѕивот во Охрид до 17 часот е 74,93 проценти

 

Според Општинската изборна комисија на гласање до 17 часот во 88-те избирачки места во Охрид излегле вкупно 32.189 лица, што е 62,02 отсто од вкупно запишаните лица со право на глас или 74,93 процент од основниот избирачки список.

Како што соопшти ОИК, за гласањето во изборното место 1299 во селото Лескоец по инструкција на ДИК во извештајот од текот на изборниот процес ќе биде ставена забелешка дека недостигало едно гласачко ливче.

Што се однесува на изборите во Општина Дебрца, правото на глас на предвремените парламентарни избори го оствариле вкупно 66 проценти од регистрираните 4.493 гласачи

 
 
11.12.2016 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега