Димовски: Иако најтесна, оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ е најголема за Македонија

„Иако најтесна, оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ е најголема за Македонија“, изјави носителот на третата изборна единица од Велес Илија Димовски.

 

„ Ја честитаме победата на Република Македонија и на македонскиот народ. Докажавме дека Македонија оргазнизира фер избори, нема фантони, и во секој момент располага со над 400.000 гласови. Нашата борба не беше само со СДСМ туку со многу страни. Иако најтесна, победата е најголема. Докажавме дека сме патриоти и ќе стоиме секогаш на браникот на унитарна и суверена Република Македонија. Граѓаните покажаа кому му ја даваат довербата, победникот е јасно исцртан“, изјави Димовски по резултатите што предмалку ги објави Државната изборна комисија.

 
 
12.12.2016 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега