Ветерот сече: Утре не очекува најстуденото утро

Времето во Македонија наутро променливо облачно, во текот на денот сончево, ветровито и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде ќе достигнува брзина и од 80 км/час.

Температурата од нула до осум степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево, ветровито и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до три степени.

Во наредните денови следува стабилно и студено време, а особено студено ќе биде во среда наутро.

 

 
 
13.12.2016 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега