Величковски на конференција на началниците на трансформација на НАТО

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски од денеска до 15 декември ќе учествува на НАТО конференцијата на началниците на трансформација.

Конференцијата, соопшти Министерството за одбрана, се одржува еднаш годишно во седиштето на Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк, Вирџинија.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од 28-те земји - членки на НАТО и 23 партнерски нации, како и претставници од други институции поврзани со одбраната, а тема на разговори се трансформацијата на армиите и идентификувањето на натамошните области за меѓусебна соработка.

 
 
13.12.2016 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега