Чичаковски и СДСМ ќе носат лична и историска одговорност ако ситуацијата ескалира

Откако не успеа планот А да се фалсификува пораз на ВМРО-ДПМНЕ преку пребројување, Чичаковски му купи време на Заев и албанските партнери да детектираат во кои избирачки места треба да поднесат приговори за да се направи пазар и при прегласување да се одземе 1 или 2 мандати на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и на маса да се украде победата на волјата на 456 000 граѓани на Македонија кои масовно застанаа во одбрана на интегритетот и суверенитетот на Македонија, пишува Курир.мк

Ако Чичаковски ја изврши задачата од Заев и партнерите и ситуацијата ескалира тој заедно со неговите сопартијци од СДСМ ќе сносат лична историска одговорност.

Претседателот на ДИК, вчера ненадејно ја напушти Државната комисија и од 12 часот на пладне го снема, буквално како да „пропадна во земја“ и беше отсутен до околу 20 часот.

На 26 часа откако беа затворени гласачките кутии, ДИК конечно ги соопшти изборните резултати. Сепак, останува нејасно, каде беше и што правеше Чичаковски во период од 8 часа?

Купуваше ли време за СДСМ?

Дали Чичаковски ја договараше и заедно со членови на СДСМ ја планираше стратегијата која се спроведува сега?

 

cicakovski-sredba-nikolovski-jpg1

За потсетување, на почетокот на септември, Чичаковски беше забележан на средба со Љупчо Николовски, тогашен дополнителен заменски министер за земјоделие од СДСМ и со Игор Милев, член на ДИК од СДСМ.

 
 
13.12.2016 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега