Утрово -13 степени - екстремно ниски температури низ цела Македонија

Ова утро студ е мал збор да се опише кочан-ладното време во Македонија. Температурите многу ниски, Македонија е окована во мраз.

-13 степени утрово се измерени во Берово, со што ова е најстудениот град утрово. -11 степени се измерени во Крива Паланка, Скопје Петровец, -10 во Штип, Куманово, Крушево, Маврово, Лазарополе, Прилеп, -9 Демир Капија, Пожаране, Битола, Тетово.

На -8 мрзнат Претор, Дебар, Тополчани, Струмица, Скопје, Виница, -7 степени е утринската температура во Ѓуриште, -6 Охрид, Гевгелија, и "најтопло" утрово е во Дојран кае се измерени-3 степени Целзиусови.

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

 

 
 
14.12.2016 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега