Конференција „Современите концепти на кризниот менаџмент“
„Современите концепти на кризниот менаџмент“ е тема на меѓународната научна конференција која денеска и утре во Охрид ја организира Центарот за управување со кризи на Македонија.
- Целта на конференцијата е да се соберат на едно место академската заедница, владините институции, граѓанските организации и приватниот сектор од Македонија и од странство, заради размена на мислења и искуства во врска со прашања поврзани со управување со кризни и итни состојби, соопшти ЦУК.
Конференцијата се организира во соработка со Факултетот за образовни науки од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ од САД, Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Универзитетот „Колегји бизнеси“ од Приштина, со поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа