Милошоски: Победата е наша и наша ќе остане
Пред насобраните граѓани пред седиштето на ДИК свое обраѓање имаше и Антонио Милошоски. Тој ги повика ДИК да ја признаат победата на ВМРО – ДПМНЕ, а неговиот говор беше громогласно поздравен од насобраниот народ.
– Две и пол години чекавме и ја малтретираа државата, побара ДИК и добија го побараа МВР и добија, побараа избори и добија, се добија и пораз добија и треба да го признаат. Македонија победи на чесни и достоинствени избори. Македонскиот народ гласаше. Вечерва има шанса ДИК или да ја признае волјата на народот или да се соочи со гневот на народот. Не сакаме немири и проблеми туку да ни се признае тоа што го заслуживме. Победа со 51 пратеник на коалицијата за подобра Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Има политичари кои виткаат кичма но народот не е таков. Кој има криза нека ја решава во партијата.
Две години бевме во криза, дојдовме до избори излеговме и победивме и сакаме да ни биде потврдена.
Срамота е за поличките партии ова бидејки имаше секаде набљудувачи. Сите гласаа мирно и достоинстевно. Тој шо е победник да му се потврди победата. Сакаме ДИК да ја потврди победата, тие се платени и да работат по закон а тој гласи дека суверен е македонскиот граганин, а тие со своите гласови застанаа зад платформата за напредна и стабилна Македонија. Победата е наша и наша ке остане. Трпевме две години ама нема да ги трпиме и понатаму. Ние сме победници ја заслуживме чесно и нема да дозбволиме да ни ја оспорат, порача Антонио Милошоски пред седиштето на ДИК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа