Цела Македонија мрзне: Ова се најстудените градови утринава

Ледено утро во Македонија. Ова утро е кочан ладно во Крушево, кој е воедно и најстуден град со измерени -6 степени Целзиусови, а истата температура ја делат и  Берово како и  Лазарополе.

-5 степени ова утро се измерени во Маврово, -4 Ѓуриште, Охрид, Штип, -3 Куманово, Претор, Струмица, -2 Пожаране, Тополчани, Виница, Крива Паланка, -1 Прилеп, Битола.

0 степени се измерени во Демир Капија и Тетово, додека во позитива температурите се во Дојран и тоа 1 степен, Скопје кае се измерени 1 степен над нулата и Гевгелија со 2 степени.

Утринава во земјава времето е сончево, тивко  и студено. Дува слаб ветер од северен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините. 

 

 
 
16.12.2016 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега