Македонија го презема претседавањето со Јадранската повелба

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Јадранската повелба - Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД што се одржува во Загреб во рамки на хрватското претседавање со Повелбата.

Се очекува на состанокот, министрите за надворешни работи да разменат мислења за актуелната политичка состојба и безбедносните предизвици во Југоисточна Европа, со посебен акцент на евроатлантските процеси во Регионот.

На министерскиот состанок Република Македонија ќе го преземе претседавањето со Јадранската повелба.

 
 
16.12.2016 - 09:43
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега