„Хранете се здраво за детство среќно и убаво“

Здравата исхрана, активниот начин на живеење, сонцето и пробиотиците се суштински предуслови за здраво и среќно детство, констатираа говорниците на денешната женска трибина „Хранете се здраво за детство среќно и убаво“, организирана од хрватската фармацевтска компанија „PharmaS“.

Според д-р Лидија Петрушевска – Колеќевска, специјалист по педијатрија од јавната здравствена установа за белодробни заболувања кај децата „Козле“, дефицитот на витамин Д е широко распространет и е во пораст, а тоа предизвикува значајно зголемување на респираторните заболувања – астма, атопија и нутритивна алергија уште во раната детска возраст.

Причините за ова, како што рече, се во современиот начин на живот кој вклучува намалена изложеност на сонце поради подолг престој во затворени простории, помал внес на витамин Д преку исхраната поради консумирање брза и преработена храна, како и недоволен внес на овој витамин во текот на бременоста.

- Со оглед на потврдената улога на витамин Д во развој на белите дробови, која започнува уште in utero, како и неговите позитивни ефекти врз развојот на имунолошкиот систем, неговото внесување во доволни количини, како и секојдневната и редовна изложеност на сонце, може да ја намалат преваленцата на респираторни инфекции и астма и да го засили нашиот имунитет, потенцира Петрушевска – Колеќевска.

Нутриционистот Цвета Динева препорача избалансирана исхрана, легнување во вечерни часови, станување во утрински часови, пешачење, прошетки на чист воздух и на сонце.

- Збогум на брзата храна, бедна на растителни влакна, што всушност е и најголемиот проблем за секој организам, а добредојде на природната храна која изобилува со драгоцени јагленихидрати со растителни влакна, животни ензими, минерали, витамини, здрави маснотии, здрави протеини, храна која дава добра базно киселинска рамнотежа, рече Динева. Додаде дека се добредојдени одредени додатоци кон исхраната и препорача тројна терапија од пробиотик, цинк и витамин Ц.

Стручниот медицински соработник во компанијата „PharmaS“ д-р Билјана Јовановска истакна дека основата на среќно детство е здравјето, здравата исхрана, превенцијата и користењето на пробиотските бактерии во секојдневната исхрана.

Светлана Црнокрак, заштитно лице на премиум брендот PRObalans, нагласи дека употребата на пробиотиците доведува до подобро здравје кај децата, но и кај возрасните. 

 
 
17.12.2016 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега