Граѓаните на нозе пред ДИК: „Еве ги најрегуларните избори, дојдовме да ја бараме правдата"

Граѓаните од цела Македонија деновиве пред ДИК дојдоа да го изразат своето незадоволство за Државната Изборна Комисија и како што велат да ја земат правдата во свои раце, бидејќи народот на изборите кристално јасно одлучи дека сака токму Никола Груевски да биде мандатар уште еднаш.

- Ние дојдовме да ја земеме правдата во свои раце, јас сум од Кавадарци, но 40 години работам во Скопје. Ако треба ќе спиеме пред ДИК, доста е веќе. Законски е партија да поднесе приговори но овие осум прашања до ДИК не се основани. Не може луѓето што ги носат едно да кажуваат, а тие друго да измислуваат. Ќе седиме ако треба цела година тука да ја бараме правдата, не малтретираа 2 години за ова гласање, Македонија го даде својот глас, рече граѓанин пред камерите.

Додаде и дека не верува во државната институција ДИК која сакала да ја измести целата работа со изборите.

 
 
18.12.2016 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега