Провалил во куќа во Влае и излегол оттаму како милионер

Во текот на последнава недела, засега непознат крадец ограбил куќа на улицата „Франц Розман“ во Скопје.

Како што информираат од полицијата, засега непознато лице, преку балконска врата влегло во куќата на 52 годишниот М.М. и направило вистински пустош. СПоред досегашните информации, крадецот си заминал од куќата со поголема количина златен накит, девизи и денари во вредност од 3.240.000 денари.

Полицијата активно трага по сторителот.

 

најчитано сега