Само во еден град температури над нула - Македонија мрзне

Студено утро со температури под нулата денеска се регистрирани речиси во целата земја, освен во Дојран каде се измерени 2 степени целзиусови.

Како што соопшти УХМР, најниска утринска температура од -9 степени е регистрирана во Берово, следат Тетово со -8, во Битола, Штип, Крива Паланка, Дебар и во Демир Капија се измерени -7, а -6 во Прилеп, Маврово, Зајчев рид-Скопје, Струмица и во Куманово. Со минусни температури утрово се и Виница, Крушево и Лазарополе каде се измерени -5 степени, -4 во Ѓуриште, Пожаране, Претор и во Охрид и -3 во Тополчани и Гевгелија.

 

 
 
22.12.2016 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега