Пожар беснееше во делчевско - изгореа животни

Во пожар, кој попладнево избувна во штала во делчевското село Град, изгоре стока и предизвикана е голема материјална штета.

Од ТППЕ - Делчево информираат дека пожарот е пријавен по 13 часот, а се уште гори, но успеано е да се стави под контрола, така што нема опасност по соседните објекти.

Според информацијата од делчевските пожарникари во пожарот е направена голема материјална штета, настрадала стоката, три крави, две телиња и еден бик.

За причините кои го предизвикале пожарот ќе се утврдува допонително, откако ќе се изгасне пожарот.

 
 
23.12.2016 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега