Падна пресуда за „Рамбо" од Плачковица - еве колку ќе лежи во затвор

Падна пресуда за 35-годишниот Мустафа Шефаит кој во мај годинава во карбинското село Ебеплија се обиде да го убие брата си. Судот денеска пресече дека Мустафа ќе лежи 10 години и шест месеци во затвор.

Шефаит е обвинет за две сторени кривични дела, едното е обид за убиство за што му е изречена казна затвор од осум години, а второто нелегално поседување на оружје за што доби казна од четири години или единствената казна затвор од вкупно 10 години и шест месеци. 

За потсетување, Шефаит во 2000 година во селото Црвулево уби три лица. Тогаш беше осуден на казна затвор од 15 години. По обидот за убиство на брата си се криеше два дена со пушка во шумата.

Тој пред судот ја признал вината.

 
 
23.12.2016 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега