Пијан велешанец со нож им се заканувал на родителите, повредил полицаец

Во Здружение на Пензионери вчера вечерта откако претходно се довел во алкохолизирана состојба Ј.Ј. (27) од Велес земал мал кујнски нож и почнал да вика на висок тон и да им се заканува по живот на неговиот татко И.Ј. (58) и на неговата мајка В.Ј. (52).

-Потоа се заканувал и кон неговиот состанар Г.Т. (41). Држејќи го ножот во рака му тропал на вратата, по што по пристигнување на полициските службеници на местото на настанот и при обидот да го спречат во намерата нападнал полициски службеник удирајќи го со рака во пределот на носот, од што истиот се здобил со видлива повреда-расекотина, информираат од полицијата.

По претходно издадена усна наредба и предупредување, да престане со извршување на кривичното дело од страна на полициски службеници Ј.Ј. бил приведен, но поради неговото агресивно однесување со службено возило бил пренесен на Нервно Одделение во ЈЗУ-ОБ-Велес каде му била дадена соодветна терапија и бил задржан во истата.

 
 
24.12.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега