Тешка сообраќајка во Берово,има повредени

Во Берово вчера утрото околу 10 часот на крстосницата од улицата „Маршал Тито“ со улицата „Паруца“ се случила сообраќајна незгода во која М.Г. (62) од Берово управувајќи ПМВ „Хјундаи“ со штипски регистерски ознаки удрил во велосипед управуван од Б.Ќ. (75) од Берово. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на десна бутна коска), кој по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Берово, поради сериозноста на повредата бил префрлен и задржан на лекување во МЦ-Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Берово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
24.12.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега