Драма на Партизанска во Скопје

Ноќеска во 02:30 часот во Полициска станица во Скопје се јавил вработен од трафика на булевар „Партизански Одреди“ и пријавил дека околу 02:10 часот непознат сторител извршил разбојничка кражба.

Додека вработениот стоел пред трафиката, сторителот влегол внатре и од касата зел околу 3.000 денари.

Вработениот се обидел да го спречи, но сторителот го турнал и го удрил со тупаница во пределот на лицето, по што побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
26.12.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега