Ограбен сеф од казино во Радовиш

Казиното „Б Вин“ во Радовиш е ограбено при што од сефот се украдени 30 илјади денари и вредносни купони.

Кражбата, како што денеска информира МВР, се случила меѓу неделата и понеделникот во периодот од 23 до 07 часот.

Крадецот со употреба на физичка сила ја отворил влезната врата од казиното, влегол внатре и во една од канцелариите го извадил сефот од каде одзел плик со 30.000 денари и вредносни купони од казиното.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

 
 
27.12.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега