Две страшни сообраќајки во Штип

Пешак и возач на мопед се повредени во две сообраќајни незгоди што синоќа се случиле во Штип.

Едната сообраќајна незгода се случила во 20:15 часот и во неа е повредена 68-годишната М.Џ. која се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Клиничката болница во Штип каде и е укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување. Во неа удрило патничко моторно возило марка „југо 101 скала“ управувано од 69-годишниот Н.Т. 

Втората сообраќајка се случила во 22:20 часот меѓу патничко возило „лада нива“ сопственост на правно лице, а управувано од 53-годишниот Ѓ. А. и мопед „АПН 6“ управуван од 20-годишниот Ѓ. Р.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој е пренесен во Клиничката болница во Штип каде е задржан на понатамошно лекување.

Во двете сообраќајни незгоди извршен е увид од страна на екипи од Полициската станица во Штип.

 
 
27.12.2016 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега