Шест возила излетаа од патот Охрид - Кичево - возачи, внимавајте на голомразицата
Пет патнички и едно товарно возило вчера се излизгале од коловозот на магистралниот пат Охрид-Кичево на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека. Нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета, информираше Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Причините за излизгувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење кон условите на патот, велат од СВР Охрид.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на препораките на полициските службеници и на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа