За два месеци ќе никне нова училишна зграда во штипско Шашаварлија

 

 

Од денеска почна изградбата на нова училишна зграда во штипско Шашаварлија, бидејќи стариот објект кој е изграден во 50 тите години во минатиот век не може веќе да се реконструира. Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев вели дека за два месеца ќе се изгради новата училишна зграда. Проектот е финансиран од турската агенција ТИКА и турската Влада, а ќе чини околу 45.000 евра.

- Убеден сум дека децата ќе добијат добри услови за школување и ќе бидат мотивирани школувањето да го продолжат и на други места, рече Захариев.

Наставникот во училиштето во селото Шашаварлија, Аџаи Арсланов вели дека во моментов имаат девет ученика, но во наредните години очекува зголемување на бројот на ученици, бидејќи, како што рече, поради изградбата на патот, училиштето, но и владината мерка паричен надоместок за трето дете, во оваа штипско село се населуваат млади семејства и од македонска националност, но и од јуручкиот етникум.

Жителите на селото Шашаварлија се задоволни што ќе добијат нова училишна зграда за нивните деца. Според планираното објектот е на површина од 100 м/2, а во него ќе има две училници, наставничка канцеларија и една помошна просторија. 

ФОТО: Сител

најчитано сега