Рикер: Се надеваме дека разговорите за спорот со името ќе продолжат наесен

 

Вчера американскиот помошник заменик државен секретар Филип Рикер изјави дека САД и понатаму ќе помагаат да се реши спорот со името и да се надминат сите разлики меѓу Македонија и Грција, пренесе МИА.

Оваа изјава Рикер ја дава откако вчера Самарас кој престојува во посета на САД, ја напушти зградата на ОН, откако му беше поставено прашање во врска со решавањето на спорот со името. 

- Првата половина на 2014 година, со грчкото претседавање со Советот на ЕУ, ќе и даде можност на Грција да одигра конструктивна улога и да се реализираат заложбите од Солунската агенда. Ако се навратиме  на Солунската агенда, која беше промовирана од Грција, со неа се постави позитивна насока за поширок балкански регион, и тоа добро се поклопува со нашата цел, сите земји од Западниот балкан да се приклучат на соседите кои се во евроатланското семејство, во НАТО и во ЕУ - изјави Рикер пред новинарите.

Во однос на македонско-грчкиот спор Рикер изјавува дека американскиот став останува ист, и дека решение на спорот ќе биде во интерес и на Грција, во тешката ситуација во која се наоѓа сега: - Ги охрабруваме сите во регионот да работат заедно конструктивно, да градат доверба меѓу себе, и секако, тоа е важно и во односот меѓу Македонија и Грција. Географијата е таква што Грција има вистински интерес да има стабилност во регионот, стабилност и кон север и кон сите соседи. Ова е реална желба, додека Грција се соочува со нејзините огромни економски предизвици кои беа во фокусот во разговорите во Вашингтон, во исто време да има и стабилно и успешно соседство. Ништо не може да го наруши економскиот напредок и перформанс како нестабилност во соседството, прецизен е Рикер.

ФОТО: Факултети

10:26

најчитано сега