Јанкулоска и Јанакиески во посета на охридската Капетанија

 

Денеска министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, заедно со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ќе ја посетат Капетанијата во Охрид и ќе се сретнат со капетанот Горан Устијаноски.

На средбата ќе присуствува и командирот на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Џајко Џајкоски.

Предвидено е да се разговара за мерките кои се преземаат годинава за воведувањето ред во езерската пловидба и контролата на пловните објекти. 

10:33

најчитано сега