Предупредување: Опасност од невреме во Македонија
Денес поголем дел од Македонија ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради опасноста од невреме, а во северозападните и западните предели издадена е портокалова предупредувачка фаза за можност од невреме, објавува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all
Во Македонија во сабота претпладне ќе биде претежно сончево и топло, попладне ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Локално можна е појава на невреме.
Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во западните предели.
Умерен ветер со променлив правец. Во вечерните часови ќе дува засилен северен и северозападен, а во западните претели засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 36°C. УВ индекс 7.
Во Скопје во сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 19°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 7.
Во недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне услови за слаб локален дожд ќе има во западните предели. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ќе се движат 12°C до 21°C, а максималните дневни температури од 24°C до 34°C. Ув индекс 7.
Од понеделник сончево и топло со постепен пораст на температурите.
10.08.2013 - 13:45