ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Што не чека?

 

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег, во источните и јужните делови претпладне поинтензивни. Снежната покривка од овој снежен бран насекаде ќе се зголеми, на места за 20 до 30 см. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од минус два до два степена.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до нулата.

Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.

Еве какво ќе биде времето и наредните денови:

 

 
 
19.01.2017 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега