Владика во џамија, муфтија во црква - Дали е ова можно во Македонија???

 

“На иста страна” е работно име на проект концепиран како видео емисија која има за цел да ја промовира и потикнува меѓусебната комуникација на верските заедници во Македонија.
Станува збор e теренска емисија во која соговорници од различна вероисповест дебатираат за позитивните вредности на религијата. Отворено ќе се разговара за предрасудите и како да се отстранат. За почитта и толеранцијата кон различниот од себе.

Поентата и крајната цел на емисијата е да се испрати порака дека сликата во која свештеникот од една верска заедница и имамот од другата, заеднички на улица или каде било, не треба да биде вест, туку вообичаено секојдневие.

Мултиукултрурализмот, мултирелегиозноста и мултиетничноста се вредности на секое општество. Но, за да се постигнат таквите цели потребно е создавање на амбиент за почит нa различноста. За таа цел е потребна информација која ќе ја промовира таквата различност, а потребна е и меѓусебна искрена комуникација на носителите на верските различности.

Македонија изминативе дваесетина години е општество во кое има дијалемтрално споротивни толкувања на религијата. Од позиција на стигматизација до позиција на глорификација. Таквата општествена спротивставеност предизвикува поларизираност и честопати доведува до злоупотреба на верата, од што се раѓа радикализам.

Секоја вера и религија во својата чиста и изворна форма е богољубие и праводљубие. Почитта кон другиот е почит за себе.

Македонија има примери каде комуникацијата, почитта, блискоста на различните, со години во историјата, изградиле правилни вредносни столбови кои денеска се пример за тоа дека различната вера и религија е обединувачи елемент на соживот. На таквите парцијални примери од некои средини е потребно да им се даде вредносно признание, преку нивна инкузивност во сите останати средини во Македонија.

Македонија има многу поголема традиција и искуства кога станува збор за меѓуверската почит и меѓуверскиот соживот од која било европска демократија.

Слабост или предност. Различностите ја прават Македонија посебна. Различни религии, обичаи, традиции… Што е тоа што ги држи сите „На Иста Страна“. Гледајте на Сител во сабота во 11 часот.

Доколку сакате да ги следите сите оние кои застанаа „На иста страна“ кликнете на следниот линк.

 
 
20.01.2017 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега