Пристигна петтиот патнички воз за МЖ Транспорт

 

Петтиот патнички воз купен од кинеската компанија ЦСР за  Македонски железници Транспорт денеска пристигна во Македонија.

Новиот воз е на дизел погон. Треба да сообраќа на линијата Скопје-Гевгелија-Скопје. Раководството на Македонска Железница Транспорт очекува да биде пуштен во редовен сообраќај за петнаесет до дваесет дена, откако ќе бидат извршени потребните тестирања.

Кинеската компанија треба да испорача во Македонија уште еден воз на дизел погон согласно договорот меѓу Министерството за транспорт и врски и ЦСР со кој беа купени шест патнички возови, четири дизел и два со електромотор. 

Инвестицијата за набавката на возовите изнесува 25 милиони евра

 

 
 
25.01.2017 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега